(Видео) НЕКОИ НАВИКИ ТЕШКО СЕ МЕНУВААТ: Заев пак шири лaжни вести, Собраниската говорница овој пат беше местото на „злocторот“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот на телевизија Клан Македонија, Фуркан Салиу на Твитер ги пингаше Владата на Република Македонија и советникот за ПР на Заев кој се претставува како „експерт“ за борба против лaжни вести, откако премиеот по кој знае кој пат ја излажа Македонската јавност. Имено како што може да се види од видеото дел од говорот на Заев, премиерот тврди дека албанскиот медиум, Топ Чанел се извини за скандалот со заменик министерот за здравство од редовите на ДУИ, Асим Муса.

Од видеото кое го снимија камерите на Топ Чанел се гледа како Муса бара мито, а Заев тврди дека тоа воопшто не се случило и албанскиот медиум се извинил за пренесеното. Но такво нешто никогаш не се случи.

https://twitter.com/FurkanSaliu/status/1194234013558464513

Току оваа изјава на Заев предизвика и реакција од Алијансата за Албанците на Зијаден Села.

Top Channel никогаш не се извини јавно на поранешниот заменик министер
за Здравство, г. Асим Муса. Намерно или ненамерно, се чини дека премиерот погрешно го разбрал овој факт, велат од Алијанса за Албанците.

„Истата емисија која го објави видеото каде овој заменик министер на ДУИ прима поткуп го покани самиот поранешен заменик министер и во ниту еден момент не се извини. Напротив, наместо да се извини за направеното, тој самиот си го потврдува своето кривично дело.

Го потсетуваме премиерот дека наместо да го оправда и јавно да шири дезинформации, треба да бара кривична одговорност од Асим Муса. Според Кривичниот законик на Република С Македонија, како
давањето и примањето поткуп е кривично дело, а во некои случаи е предвидено и затвор.

Алијанса за Албанците бара случајот на заменик министерот Асим Муса да добие правни димензии, а не оправдување.

Ние како Алијанса за Албанците сметаме дека во случајот на заменик министерот има клучен елемент за делото „Примање Поткуп“, како што е барање или прифаќање на каква било награда или подарок за службената работа што треба да се изврши во рамки на службената должност.

Премиерот Заев мора да ги земе во предвид сите овие работи пред да шири лажни вести, и да ги оправда криминалните дејствија на своите именувани функционери.

Потсетуваме дека, оправдувањето и прикривањето на кривично дело ве прави виновни исто колку и сторителот!“, додаваат од партијата.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This