НAЈБPЗО РAСТEЧКA ИHДУCТРИЈA: Гoдишнa зaрaбoткa од 70.000 дoлaри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Е-спортот стана најбрзо растечка индycтријa во светот која постојано ги поместува границите.

Новата листа на Форбс го докажува ова со фактот дека на неа се наоѓаат дури 13 е-спорт oгранизaции и тимови чија вредност надминува 100 милиони долари.

Форбс ја објави листата на 13 е-спорт компании чија вредност е поголема од 100 милиони долари. Покрај тоа, глобалните приходи од е-спортот оваа година ќе достигне 1,1 милијарда долари, што е за 27 проценти во однос на 2018 година, а Северна Америка сочинува дури 40 проценти од овој колач.

Во светот на растечкото влијание во е-спортот, една од најпознатите огранизации или тимови е Фејз Клан. Организацијата на чија импресивна листа на партнерства се популарните игри ПУБГ, Кол оф Дјути, ФИФА и Фортнајт, а тие имаат 19 милиони следбеници на Јутјуб, Твитер и Инстраграм, што е повеќе од професионалните кошаркарски тимови Далас Каубојс и Њујорк Јенкис.

Фејс Клан денеска вреди 240 милиони долари, со што се најде на четвртото место на листата на Форбс за најкорисните oгpaнизaции за извoз.

На првото место е американската oгрaнизацијa и еден од најпопуларните е-спорт екипи во светот Клауд9 кој вреди 400 милиони долари.

Веднаш зад Клауд9 е Тим СолоМид со вредност од 400 милиони долари, а во чиј тим се Лиг оф леџендс академи, ПУБГ, Фортнајт и многу други светски познати игри.

Натпреварите во играње видео-игри денеска имаат публика од 454 милиони луѓе, а технолошките аналитичари предвидуваат пораст за уште 190 милиони луѓе. Просечен играч, според проценките на аналитичарите, е машко лице на средни години кое заработува речиси 70.000 долари годишно.

Растот на модерниот е-спорт кој денеска го познаваме се поврзува со Јужна Кореа кон крајот на деведесетите години кога се огранизирани првите професионални лиги, турнири и натпревари во играта Старкрафт. Денеска, според наградниот фонд, најголем турнир е Д интернешнал турнир во он-лајн играта Дота 2. Потоа следат ИЕМ Катовице, Инернешнел и Фортнајт светскиот куп.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This