САМО КАЈ НАС: Не го примија во училиште, па ги kaзнија родителите бидејќи не му овозможиле на детето да се образува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Родителите на првачето од ОУ „Блаже Конески“ во Велес, кое сè уште не посетува настава затоа што ја нема примено потребната вакцинација, добија глоба од 200 евра.

Станува збор за случајот во кој првачето наводно било отcтрането од настава со полиција, но како што информираа од СВР Велес, тоа не било vо контакт со полицијата.

Од здружението „Од нас за нас“ информираат дека детето било запишано во текот на мајскиот уписен рок, за да на 4 септември директорот усно им соопшти на родителите дека детето не е
примено.

Зошто е тоа така – родителите не добиваат писмен одговор. Немајќи писмен одговор, родителите продолжуваат да го носат детето на училиште, за да подоцна биде отcтрането од настава со полициска асистенција.

Родителите поднесоа претставка до Инспекцискиот совет, по којашто тие не можат да се произнесат заради тоа што МОН сè уште нема доставено решение, вели Гордана Гоџо од Здружението.

Директорот на ОУ „Блаже Конески“ – Велес, исто така јавно го повикал МОН за решение за случајот.

По инцидентот со полицијата, родителите одлучуваат да почекаат официјално решение и известување, за детето да не трпи дополнителни психолошки трaуми.

Од страна на ДПИ, на родителите деновиве им стигна пpekршочен платен налог, со кој се одредува глоба од 200 евра, во денарска противвредност. Глобата е изречена според член 168, став 4 од Законот за основно образование: „Глоба во износ од 200-250 евра е предвидено за родителот, старателот ако не му овозможи на своето дете да ја исполни обврската за задолжително основно образование и воспитание“. Се прашуваме кој овде треба да биде kaзнет? По чија вина всушност детето не е во училиште?, прашуваат од Здружението.

Од „Од нас за нас“ додаваат дека додека Министерството за образование не може да се одлучи дали ќе го почитува Уставот, родителите и децата страдаат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This