(Видео) Ниту пратениците на СДСМ не знаат колку пратеници има „мнозинството“: Државата е во сериозна криза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Покрај економската, здравствената и енергетската криза, Македонија е и во сериозна политичка криза имајќи во предвид дека ниту опозицијата, ниту власта нема стабилно мнозинство што значи дека не може да ги спроведува своите политики и законски решенија во законодавниот дом.

Државата беше во шок откако на денот на гласањето на недоверба на Владата исчезна еден од пратениците на Беса, Кастриот Реџепи кој беше потпишан на листата на која имаше 61 пратеник, односно мнозинство спремно да гласа за пад на Владата на Заев.

Реџепи потоа се појави во јавноста со неуверливи и дискутабилно ставови зошто исчезна тој фамозен четврток и не се појави во Собранието макар и да гласа против недоверба на Владата.

Вчера во Собранието на Република Македонија прес-конференција одржа пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска која истакна дека парламентарното мнозинство ќе биде зголемено и стабилно.

Сепак Костадиновска на прашање на Инфомакс не знаеше да одговори со колку пратеници располага „зголеменото и стабилно“ мнозинство.

Инфомакс пишуваше за тајмингот на соопштението од ДКСК во кое се бара кривичен прогон на пратеник на Алтернатива и поранешен министер за кутлрура. Хусни Исмаили во моментов е пратеник од Алтернативната партија, а минатата недела се потпиша на барањето за недоверба на Владата на Заев. Уште поважно, Заев во моментов отворено ѝ се додворува на партијата да влезе во неговата коалиција, бидејќи го загуби мнозинството во Собранието со пребегнувањето на партијата БЕСА. Тајмингот на кривична пријава против пратеник кога партијата треба да донесе одлука е типичен потег за режимот на Заев, кој со кривични пријави, уцени и поткуп ги принудува пратениците од опозицијата да гласаат за наметнатата промена на името.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This