(Видео) Нова „бежaнија“ над Црното море: Овој пат американски вoeн авион беше „испратен“ од руски лoвци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поладнево руските воени сили идентификувале објект над Црното Море, кој што се приближува до државната граница на Руската Федерација, а бил откриен од радарска контрола.

Со цел да се идентификува воздушната цел и да се спречи нарушувањето на државната граница, во воздухот се кренал ловец Су-30 од силите за противвоздушна одбрана на Јужниот воен округ.

Екипажот на рускиот ловец ја идентификувал воздушната цел како авион ЕП-3Е Арес на американското воено воздухопловство и ја придружувал.

Откако странскиот воен авион се свртел во обратна насока од државната граница на Руската Федерација, рускиот ловец се вратил безбедно во домашниот аеродром.

Летот на рускиот ловец беше извршен строго во согласност со меѓународните правила за употреба на воздушниот простор, велат од руското министерство за одбрана.

Од руското министерство за одбрана потенцираат дека нема да дозволат кршење на државната граница на Руската Федерација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This