(Видео НОТ ЛЕЈТЕР ДЕН ОКТОМВРИ: Седум земји-членки на ЕУ гласале пpoтив отворање преговори со C Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Седум земји-членки на Европската Унија гласале пpoтив отворање на преговори со C Македонија и Албанија на вчерашниот Совет на министрите за надворешни и европски работи што се одржа во Луксембург.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на „Твитер“ објави дека пpoтив отворање преговори гласале Франција, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија.

Дванаесет земји-членки биле „за“ преговори: Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, Италија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија, Естонија, Латвија, Литванија. Останатите, меѓу кои и Грција, биле воздржани, напиша Милошоски.

Министрите за надворешни работи на Европската Унија вчера не се согласија околу доделувањето датум за почеток на преговори за C Македонија, но и за Албанија. Тие се договорија најдоцна до октомври да се навратат на ова прашање.

„Потврдувајќи ги своите заклучоци од 26 јуни 2018 година, Советот силно го поздравува историскиот Преспански договор, како и Договорот за добрoсоседски односи со Бугарија, и се осврна на препораките на Комисијата за отворање на пристапни преговори со Република C Македонија врз основа на нејзината позитивна оценка за постигнатиот напредок и исполнувањето на условите утврдени од Советот. Поради ограниченото време на располагање и важноста на предметот, Советот ќе се врати на ова прашање со цел да се постигне јасна и суштинска одлука што е можно поскоро и не подоцна од октомври 2019 година“, се наведува во заклучокот на Советот за општи работи на Унијата.

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на прес-конференција соопшти дека малцинство земји-членки на Советот не ја поддржале чистата препорака на Европската комисија за доделување на датум за преговори на денешниот состанок.

„За жал малцинство земји-членки не ја поддржаа чистата препорака на Комисијата за отворање преговори за пристапување во ЕУ со C Македонија и Албанија“, рече Хан.

Додаде дека е уверен дека во октомври ќе има одлука за почеток на преговорите со C Македонија.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This