(Видео) Нaјгoлeмaтa хидpoцeнтpaлa на свeтoт, издpжa дeцeниcки пoплaви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Големи поплави на горните текови на кинеската река Јангце минатата недела ги зголемија нивото на водата во централата „Три клисури“ на досега невидени нивоа, објави кинеската новинска агенција „Ксинхуа“.

Во саботата наутро, нивото на водата достигнало дури 167,5 метри, што е највисоко ниво со оглед на тоа што резервоарот е исполнет со вода од 2003 година, а исто така за 22,5 метри повисоко од највисокото препорачано ниво за овој период од годината. Непосредно пред тоа, приливот на вода во езерото бил дури 75 илјади кубни метри во секунда, соопшти Министерството за водни ресурси.

Ова е причината зошто постојано се зголемува количината на вода од хидроцентралата за да се намали притисокот од поплавување на огромната брана, а снимките од испуштањето вода се навистина спектакуларни.

Кинеските власти деновиве се обидуваат да покажат дека каскадите на гигантската брана и акумулациите изградени на горниот тек на реката Јангце, го одбранија регионот од најголемите поплави оваа година, додека критичарите велат дека тоа може само да ги влоши работите.

Изградбата на хидроцентралата Три Клисури започна во 1994 година, а истата беше пуштена во употреба во 2012 година. Нејзиниот инсталиран капацитет од 22.500 мегавати (со 32 турбини од 700 мегавати и две од 50 мегавати) ја прави најголемата електрана во светот. Произведува просечно 87 THW електрична енергија годишно, а рекордот е поставен во 2014 година кога се произведени 98,8 THw електрична енергија.

Поради нејзината изградба, поплавени се 13 градови, 140 гратчиња и 1.600 села, а раселени се околу 1,3 милиони луѓе. Исто така, како резултат на промената на протокот на вода, т.е. создавање на огромното акумулативно езеро на 1.045 квадратни километри, оваа брана буквално ја забавила ротацијата на Земјата и го продолжи просечниот ден за 0,06 микросекунди, според податоците на НАСА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This