April 26, 2024, 11:31 am

(Видео) Нajдoлгa вo пocлeднитe 50 години – еpyпциja нa вyлкaн вo Иcлaнд тpae вeќe шecт мeceци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес се шест месеци откако во близина на главниот град на Исланд Рејкјавик, започна вулканска ерупција, која ги фасцинира набљудувачите, најдолга во земјата во повеќе од половина век. Првата лава започна да излегува од кратерот на вулканот Фаградалсфјал вечерта на 19 март.

Повеќемесечниот спектакл, кој варира од бавно истекување на лавата до подраматично исфрлање на различни грутки, е голема туристичка атракција што досега привлече повеќе од 300.000 посетители, според исландската туристичка заедница.

Вулканот се наоѓа на полуостровот Рејкјанес, југозападно од Рејкјавик. Тоа е шеста вулканска ерупција во Исланд во последните 20 години, но најдолга во половина век.

„Шест месеци е прилично долга ерупција“, вели вулканологот Торвалдур Тордарсон. Но, количината на досега исфрлената лава, 143 милиони кубни метри, не е ни близу до рекордот.

„Ерупцијата е посебна во смисла на релативно бавниот и стабилен проток на лава. Ерупциите на исландските вулкани обично започнуваат многу активно, но брзо и забавуваат и запираат“, додава геофизичарот Халдор Геирсон.

Најдолгата исландска ерупција во историјата се случила на островот Суртси и траела речиси четири години, од ноември 1963 до 1967. Бројот на посетители на Фаградалсфјал веројатно е и повеќе од 300.000, бидејќи бројачот на патеката до врвот бил поставен само на петтиот ден од ерупцијата.

Во првиот месец, се отвориле десет пукнатини и се формирале седум мали кратери од кои два се сè уште видливи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This