(Видео) Нe мoжeшe дa ce вoздpжи: Тpeнepoт на Мајами зaплaкa нa пpec-кoнфepeнцијaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екипата на Мајами во финалната серија против Лос Анџелес Лејкерс се соочуваше со големи проблеми поради повредите на клучните играчи но и покрај тоа одигра шест натпревари.

Горан Драгиќ се повреди во воведните минути од првиот натпревар и отсуствуваше се до последниот шести натпревар во финалето, додека центарот Бем Адебајо пропушти два натпревари и имаше лимитирана минутажа во четвриот натпревар, но и покрај тоа играчите го оставија секој атом од силите на паркетот и успеаја да дојдат до две победи.

Поразот во финалната серија тешко му падна на тренерот на Мајами, Ерик Сполстра кој на прес конференцијата не можеше да ги додржи солзите.

Видео линкот може да го погледнете тука.

– Овие луѓе без разлика што и да се случи во иднина, ќе ја паметат сезоната до крајот на животот. Се што поминавме во соблекувалната, тие моменти на заедништо ќе бидат со нас до крајот на животите. Моите играчи се бореа и играа колку што можеа во ова финале, а не е мал бројот на играчи кои не е беа на 100 проценти. Најверојатно не ни требаше да играат, но знаете како оди тоа со нив, бараат и сакаат да бидат на паркетот. Многу ми е криво што не најдов начин да победиме – изјави расплаканиот Сполстра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This