(Видео) ОВА НЕМА КРАЈ: Заев си објави на Фејсбук измонтирана снимка без ckaндалозната изјава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев денеска се огласи на Фејсбук, споделувајќи го вчерашното видео, но измонтирано и без делот со ckандалозната и нaвpeдувачка изјава.

-„Јас сум бopeц човек и ќе продолжам да се бopaм за овие вредности до крај. Додека граѓаните ми даваат позиција. Секако дека нема да дозволам, неколку kpиминалци, еден суетен новинар и да ми извини, ЛГБТ заедницата, еден педep да ја симнат оваа Влада од власт. Не.“, ова е делот кој е изоставен во ново-монтираното видео на Заев.

Измонтираното видео од Заев

Ќе се бориме до крај затоа што секој што се инволвирал секако ќе си носи одговорност.

Верувам во транспарентни истраги верувам во многу прецизни и брзи истраги, посебно за вакви случаи.Јас, уште еднаш напоменувам, сум човекот којшто го пријави овој случај. Да не биде тоа заборавено. Денеска оваа политичка гарнитура, преку извршната власт, создаде услови правосудството, Јавното обвинителство, непречено да работи, без разлика дали некој бил газда на медиум којшто ја поддржувал власта, денеска тој е во притвор.Во сите земји коишто создавале услови да владее правото, органите на прогонот да си ја вршат работата, никаде не било лесно, секаде било трауматично. И кај нас не е лесно, и е трауматично. Но, така ќе бидеме правна држава и држава којашто сите ја посакуваме. Дојдов благодарение на гласот на граѓаните, борејќи се и за слобода и за демократија и за правна држава и за владеење на правото и за нормална земја. Ќе се бориме до крај затоа што секој што се инволвирал, секако ќе си носи одговорност.

Posted by Zoran Zaev on Wednesday, August 14, 2019

Ова е оригиналното видео:

https://www.facebook.com/ohrid1/videos/871936669871912/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This