(Видео) Олово или сребро: Ова е понудата која ја добил Реџепи за не гласа недоверба на Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кастриот Реџепи мистериозно исчезна на денот на гласањето на недоверба на Владата, за да се појави по неколку дена и да тврди дека Македонија ќе почне преговори со ЕУ и поради тоа дека не гласал за пад на Владата на Зоран Заев.

Сепак потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски тврди дека работите се одвивале малку поинаку, односно дека пратеникот на Беса добил непристоен предлог кој не можел да го одбие.

На Реџепи според Николоски му било понудено олово или сребро.

-Јасно знае народот што се случи со Кастриот Реџепи, прво го снема и ги исклучи телефоните, па објави Фејсбук статус кој што никој не знае дали тој го напишал и откако членови на неговото најблиско семејство вклучувајќи го и син му заедно со претседателот на Беса, Билал Касами одат во полициска станица да го пријават за исчезнат се појавува на едно видео со бел ѕид позади каде што чита еден целосно исплашен човек. Тоа е јасно дека ја добил онаа многу позната латион американска сега е популарна онаа серија Наркос веројатно ја гледааат многу гледачи и таму има една изрека на Пабло Ескобар која што ја кажува кога регрутира во наводници соработници им нуди на шпански кажано „плата о пломо“ или на македонски кажано, сребро или олово, вели Николоски.

https://twitter.com/Vlatko100janosk/status/1461462919670124562?t=YgsjJBe83vsGD8Hv6I5lnA&s=19

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This