(Видео) ОПТИМИЗМОТ НУЛА: Нема шанси да добиеме датум за преговори во јуни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мала е веројатноста Македонија во јуни да добие датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, велат од центарот за европски стратегии Евротинк. Според нив, земјава доцни на сите полиња – дури не се формирани ни преговарачката структура ни работните групи кои требаше да бидат готови пред шест месеци.

Се уште е непознато кои административни кадри ќе бидат вклучени во преговорите и дали тие покрај бројните обврски во институциите би добивале дополнителен надомест за учеството во работните групи, бидејќи ако нема мотивираност постои опасност од одлив на квалификуван кадар, алapмираат од Евротинк. Велат, стручните тимови не смеат да бидат составени од кабинетски службеници, бидејќи тие најчесто први заминуваат од министерствата при промена на министрите.

Проблем се и односите внатре во Унијата особено противењето на Франција и Холандија на процесот на проширување. За шефот на мисијата на ЕУ, Самуел Жбогар, пpeтпазлив во оценките – вели се надевам дека ќе почнат преговорите во јуни.

Од друга страна, вчера лично еврокомесарот Јоханес Хан го урна владиниот оптимизам. Тој пред Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент изјави дека Европската комисија најверојатно ќе препорача подготвителна фаза на преговорите а не преговори како што било случај со сите други земји кандидати досега. Овој процес според Брисел би траел подолго од 10 години.

 

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This