(Видео) Откриена нова злoyпотреба на „Беса Транс“: Автобусот кој изгope е произведен 2007 – има фaлcификyвани документи за регистрација?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Автобуските превозници изразија сомнеж во техничката состојба на автобусот што изгоре на автопатот Струма. Според нив, возилото е постаро отколку што е запишано во документацијата. Според нив, автобусите произведени во последните години имаат автоматски безбедносни системи кои требало да работат во случај на пожар.

Автобусот кој е произведен во 2018 година ги исполнува сите современи безбедносни системи. Опремен е со сопствен систем за гасење пожар.

„И самото купе и седиштата се направени од материјали што не можат да бидат запаливи така лесно“, објасни Себахтин Исмаил, кој е сопственик на автобуска компанија.

Покрај тоа, во случај на судир, автобусот мора автоматски да ги отвори сите врати и отворите за итни случаи. Токму поради тоа Себахтин се сомнева дека изгореиот автобус на автопатот Струма е постара. Иако според документите автобусот е релативно нов.

Потврда за старотста на автобусот даде и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во своето вчерашно интервју во кое истакна дека возилото е произвдено во 2007 година, што отвара сомнеж за неговата технича исправност.

Ова е системот кој, барем со краток спој, автоматски ги активира сите системи во автобусот, што вклучува И итно запирање на автобусот, итно отворање на вратите и отвори за итни случаи. Автобусот е многу стар модел, како што кажав има фалсификувани документи за регистрација, кај старите модели рачно се отвораат вратите“, рече Исмаил.

А за да го проверат другиот можен фактор за трагедијата – состојбата на патот, група експерти ја поминаа трасата на северномакедонскиот автобус.

„Погледнете што се случува кога ќе исчезне ознаката, видете од лево колку добро се гледа, а овде не можеме да судиме каде е границата на сообраќајната лента“, вели Дијана Русинова од Европскиот центар за транспортни политики.

Изгледите во последните денови ги наведоа експертите да помислат дека возачот е жив по првичниот удар и се обидел да ја контролира ситуацијата.

„Тврдиме дека има растојание за сопирање. Постапките на возачот покажуваат дека до крај се борел да се справи со ситуацијата и откако удрил во заштитната ограда десно, по дупната гума, го расцепил резервоарот, очевидци велат дека горел додека возиел“, објасни поранешниот автомобилски тркач Румен Дунев .

Излегува и дека таканаречените мачкини очи на автопатот Струма повеќе не функционираат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This