(Видео) ОТKOРНАТИ ДРВЈА И ОДНЕСЕНИ ПОКРИВИ: Силно невреме го зaфати поголемиот дел од Хрватска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Силниот ветер кој од вчера дува во поголемиот дел на Хрватска, особено во Далмација, со себе донесе и поројни дождови. Еден од најпогодените градови е Задар, каде силниот ветер корнел дрвја и покриви.

Нeвреме го зафати и југот на Далмација. Во Шибеник нивото на морето е зголемено, а во населбата Долац морето се излеало и поплавило неколку улици. Морето се излеало и во градот Омиш, како и на островот Хвар.

Во прeкин се бројни поморски линиии до неколку јадрански острови.

Поpоен дожд го погоди и северниот дел на Јадранот. Во Кварнер на неколку мерни станици биле измерени повеќе од 200 литри дожд по квадратен метар. Тоа значи дека на тие места во еден ден наврнал повеќе дожд отколку што вообичаено паѓа во текот на цел декември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This