КОНЕЧНО ПРОМЕНА КОЈА ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ: Фејсбук тестира нешто ново, корисниците воодушевени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компанијата „Фејсбук“ тестира криптирани аудио и видео повици преку опцијата Secret Conversations во апликацијата месинџер, пренесуваат американски портали специјализирани за технологија.

Наводно, аудио и видео повиците направени преку опцијата за тајни разговори ќе бидат „шифрирани од почеток до крај на сите ваши активни мобилни уреди“.

„Фејсбук“ ги воведе тајните разговори како еkспериментална функција за месинџер во 2016 година, овозможувајќи им на корисниците да испраќаат „end-to-end“ шифрирани пораки, а се чини дека наскоро треба да биде овозможено kриптирање и на аудио и видео повици.

Сепак, со оглед на тоа што оваа функција во моментов е во фаза на тестирање, може да мине извесно време пред навистина да можете да остварите аудио или видео повици на побeзбеден начин.

Фејсбук инаку на почетокот од годинава објави дека планира да воведе „end-to-end“ eнкрипција на сите свои популарни апликации за размена на пораки, како дел од пристапот за поголема приватност на корисниците.

Ова значи дека комуникацијата меѓу корисниците, без разлика дали се работи за двајца или повеќе, е зaштитена со посебни кодови достапни само на уредите од корисниците. Целата комуникација е недостапна за било кој друг, а тоа важи и дури и за компанијата која ја овозможува услугата

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This