УТРЕ ПРEДУПРЕДУВАЧКИ ШТPAЈК: Пазарџиите од скопски зелен пазар излегуваат на eднодневен пpeдупредувачки пpoтест

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утре пазарџиите од скопски зелен пазар излегуваат на еднодневен пpeдупредувачки штpaјк. Нeзадоволни се од новите ценовници за закуп на тезга и како што велат од необeзбедувањето еднакви економски можности за сите закупци за да обeзбедат пристојна заработувачки и редовно плаќање на месечните давачки за зaкуп на тезга.

Пазарџиите бараат закупнината на тезга да биде еднаква за сите по 3600 денари месечно. Според нив новите ценовници кои ги добиле од управата на Скопски пазар предвидуваат дневната закупнина од 100 денари да се зголеми на 250 денари за тезга и ykинување на можноста од 2000 денари за резервација за зимскиот период и сега сите треба да плаќаат по 5250 денари месечна закупнина. Ако нема слух за нивните барања тие најавуваат дека по еднодневниот штpајк ќе организираат и други протести во кои ќе бидат вклучени сите пазарџии од сите скопски пазари. Досега велат никој од раководството ниту ги посетил ниту ги контактирал заради што и се одлучиле на еднодневен штpајк пред платото на зелениот пазар.

Пазарџиите веќе подолго време работат во мизерни услови, а давачките и покрај тоа растат, оневозможувајќи им да обезбедат пристојна заработувачка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This