Во близина на седиштето на ОН во Њујорк е пронајден сомнителен пакет поради што полицијата го блокирала теренот, а повикана е и единица за демонтирање бомби.
Пакет со цвеќе, кое предизвикало сомнеж, било пронајдено пред Турската куќа, во делот на Њујорк каде што имаат свои амбасади многу земји.
Дел од Првата авенија на Менхетен е блокиран поради тоа.
Турската куќа е отворена пред еден месец и е седиште на бројни турски дипломатски претставништва, како што се мисијата и конзулатот, а во неа се и резиденциите на дипломатите од земјата, пренесува RT.