(Видео) Паниka во Белгија: Полицијата и вojckата трагаат по вoopyжен вojниk кој ykpал pakeтни фрлaчи и огромна количина opyжjeи им се зakaнувал на политичари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Белгија во тек е потрага по вооружен војник кој е во бегство откако упати закани кон јавни личности, вклучително и политичари и истакнат виролог.

Белгиската влада го идентификуваше војникот Јирген Конингс како потенцијален екстремист.

Тој зеде четири ракетни фрлачи и друго оружје од воената касарна пред да исчезне во понеделникот. Последен пат беше виден како го напушта својот дом во североисточната провинција Лимбург.

Властите го опишаа војникот како потенцијално исклучително насилен екстремист што претставува крајно десни ставови.

Тој наводно оставил порака во која изјавил дека нема да се предаде доброволно затоа што „тој повеќе не може да живее во општество каде што политичарите и виролозите ни одзедоа сè“.
Конингс испрати заканувачки пораки до јавни личности во последните неколку недели, вклучувајќи го и водечкиот белгиски вируолог Марк Ван Ранст.

Ван Ранст потоа бил префрлен на безбедно место со своето семејство.

Неколку часа по започнувањето на потрагата, полицијата го пронајде автомобилот на Конингс во блиската шума, во кој имало четири ракетни фрлачи и голема количина муниција. Се верува дека 46-годишниот избеган војник е сè уште вооружен и има панцир.

Локалните медиуми јавуваат дека во потрагата учествуваат и припадници на полицијата и армијата, кои цела ноќ со оклопни возила го барале Конинг.

Видеа и фотографии покажуваат воени возила кои пристигнуваат во националниот парк каде е можно да се скрие Конингс, пишува РТ.

Властите затворија 112 000 хектари шума, лоцирана во близина на границата со Холандија. Неколку воени касарни во областа се затворени.

Белгискиот премиер Александар Де Крој објави дека Конингс порано упатувал закани и дека е неприфатливо таквиот човек да има пристап до оружје. Тој ја повика армијата да се погрижат ваквите инциденти да не се повторат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This