Валентина Божиновска му се заблагодари на Османи, но ја oдби понудата да го советува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Валентина Божиновска, професор на Факултетот за драмски уметности, екс-директор директор Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, политичар во изјава за „Инфомакс“ вели дека нема да ја прифати поканата на министерот за надворешни работи Бујар Османи за член во Стратешкиот совет за надворешни работи во овој момент, но се надева на идна соработка.

Како што вели Божиновска во своето отворено писмо до Османи, идејата на министерот е „брилијантна“ во овој момент кога на државата повеќе од се и е потребно помирување на граѓаните и сеопшта инклузија на општеството во однос на надворешнополитичките случувања.

– Ја добив поканата од министерот за надворешни работи, Бујар Османи да бидам член на Стратешкиот совет на МНР, кој што ќе треба да изработи Стратешки 10-годишен документ за надворешна политика на државата, вели Божиновска во отвореното писмо.

– Сакам да ја известам јавноста дека идејата за помирување е една од најсуштествените точки за иднината на државата особено за прашања кои што ја засегаат надворешната позиционираност на земјата и кои се од интерес на сите граѓани. Инклузијата на надворешната политика со граѓаните е клучна во ваквите процеси, но особено иднината ја гледам во помирувањето како рефлексија и обединувачки фактор на здружување на сите политички чинители во општеството. Потребна ни е европска држава со европска иднина, додава таа.

Општеството, колку и да е тоа тешко, мора да биде подготвено на прифаќање на различните стратегии за да се најдеме што побргу во дворот на Европската унија. Одговорноста за процесите во државата ја носиме подеднакво сите.

Почитуван министер, Ви благодарам за поканата и за Вашата идеја, која е брилијантна и во оваа прилика ја поздравувам, но заради моите ограничени активности од здравствени причини, не можам да допринесам во овие мигови, но се надевам на наша идна соработка бидејќи сум убедена дека сите заедно треба да ги подадеме рацете кон проектот за европска држава, заклучува Валентина Божиновска.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This