(Видео) ПАРТИЗАЦИЈА НА СИТЕ НИВОА: Заев и Спасовски прават тaмпон во kомандната хиерархија помеѓу началниците на СВР и командирите на полициските станици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев и Оливер Спасовски спpoтивно на Закон за полиција прават тампон во командната хиерархија помеѓу началниците на СВР и командирите на полициските станици, се со цел да го опструираат техничкиот министер и неговите наредби временски да се забават и развлечат, ова денеска во изјава за медиумите го истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со новата систематизација спротивно на Законот за полиција се определува секоја полициска станица да стане ОВР и истата да добие началник, кој ќе му биде надреден на командирот на полициската станица. И истиот тој началник ќе ги опструира наредбите од началникот на СВР. Спасовски ги обезглавува позициите на началници на СВР, бидејќи поголемиот дел од нив тие се поставуваат од техничкиот министер. Началниците на ОВР ќе бидат луѓе на Спасовски и ќе имаат за задача да ја оневозможат работата на техничкиот министер. Работа за која ако некој се обиде да ја направи ќе одговара согласно законот. Партизацијата на МВР е на сите нивоа. Вчера Спасовски почна да си ги распоредува советниците на клучни позиции во министерството. Имено во помошен директор на БЈБ и шеф на одделот на крим полиција е поставен Оливер Лукаревски, а досегашниот помошник директор Марјан Коцев е поставен на местото началник на СВР Штип, додека за началник на Секторот за меѓународна соработка е поставен Рефик Ќерими, додава Ѓорѓиевски.

Тој додава дека партизацијата е буквално на сите нивоа. Но тоа нема да им помогне, ниту на СДСМ, ниту на Спасовски, ниту на Зоран Заев на 12-ти април СДСМ губи и тоа е повеќе од извесно во Македонија. По 12-ти април следува обновата на Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This