(Видео) Пендаровски: Пoтpeбeн e нoв 3aкoн зa вoнpeднa и вoeнa cocтоjбa – Haвpeмe дa ce пoдгoтвимe зa мoжнa идна kpизa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заштитата од опасност е прогласувањето на вонредна состојба, затоа потребен е нов закон за воена и вонредна состојба со кој следната криза ќе ја дочекаме поподготвени, бара претседателот на државата Стево Пендаровски.

„Јасно е дека ние е потребен посебен закон во кој ќе бидат правно уредени сите празнини со кои се соочивме кога требаше да го организираме системот во нестандардни околности само врз основа на неколку генерални одредби од уставот. Идниот закон треба да биде продукт од дијалогот меѓу експертите, но и во генералната јавност и да биде донесен врз основа на најширок можен политички консензус“, истакна Стево Пендаровски.

Во Министерството за правда веќе е формирана работна група од еминентни експерти и академската заедница, кои во наредниот период ќе работат на подготовка на Нацрт-закон за воена и вонредна состојба. Министерот Бојан Маричиќ истакна и дека изработена е и Анализа на искуствата на институциите за време на вонредната состојба и уредбите со законска сила.

„Најзначајните прашања кои треба да се уредат во законот се начинот на прогласување на вонредната состојба, улогата на Собранието, времетраењето и правното дејство на уредбите, како и карактерот на уредбите, односно допрецизирање – што треба, а што не треба да биде предмет на владините уредби“, вели Бојан Маричиќ.

На ист став со претседателот Пендаровски и е неговиот противкандидат на претседателските избори, а сега пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова. Таа вели дека моменталниот закон за управување со кризи излегува од рамката за вонредна состојба, бидејќи таа е тесна и опфаќа само елементарни непогоди и епидемии.

„Интерпретацијата дека овој закон се однесува на закон на Владата воопшто не држи, бидејќи фрлете поглед на компаративната регулатива ќе видите дека тоа се закони за кризи, воена состојба, итност итн. Тоа е уставна материја. За жал или еве за среќа се согласувам со Рената, јас мислам дека законот за управување со кризи нема уставен основ, не може да конкретизира состојба што е не е уставно утврдена и нешто чудно тука има“, рече Гордана С. Давкова.

Искуството од вонредната состојба предизвикана минатата година од пандемијата со корона вирусот беше причина за широка стручна и јавна дебата што претседателот Стево Пендаровски, ја иницираше се со цел донесување посебен закон што ќе ги регулира ингеренциите во некоја идна вонредна состојба. Конференцијата претставува почеток на поширока дебата на стручната и општата јавност, во однос на потребата на изготвување на законско решение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This