(Видео) Повторно погодијa: Симпсонови предвидоа уште еден настан во епизода стара 27 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Низ годините популарната серија „Симпсонови“ предвиде голем број настани, меѓу кои и коронавирус пандемијата.

Сега се појави уште еден случај, за кој фановите за „Симпсонови“ тврдат дека во популарната серија истиот е обработен во епизода пред 27 години.

Имено, градоначалникот Стив Адлер од Остин, Тексас е мета на критики откако тајно заминал на одмор во Мексико, додека во исто време ги повикал граѓаните да останат во своите домови поради коронавирусот.

Адлер со приватен авион заминал заедно со група пријатели во едно одморалиште во Мексико, а подоцна објавил видео заканувајќи се дека ќе воведе карантин доколку жителите на Остин не се придржуваат до мерките.

Изгледа серијата предвидела речиси идентична ситуација пред 27 години, кога градоначалникот Квимби заминал на одмор сред пандемија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This