(Видео) ПОЗДРАВ ДО ЗАЕВ: Нека не бара гласови од нас пред избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските земјоделци организирано го кренаа својот глас! Здружени во заедничката мака, доведени до работ на егзистенцијата, исцрпени од бројните дадени, но не и реализирани ветувања, денеска дојдоа на протест во Скопје, бидејќи како што велат, земен им е лебот.

Земјоделци од Тиквешкиот, Велешкиот, Преспанскиот и Источниот регион, денеска од пред ТЦ Мавровка маршираат до пред македонската Влада, од каде ултимативно ќе побараат исполнување на низата нивни барања, кои инаку веќе добро и се познати на власта.

Тие поминуваат низ голгота секоја година, откако власта остана глува на нивните барања и наместо своите производи да ги продаваат и да заработат, принудени се да ги фрлаат на буниште. Земјоделците велат дека нив единствено ги сплотиле заедничката мака и понижувањата кои ги трпеле со години.

Фрлање на зелка во струмичко, сечења на јаболката во ресенско, фрлање на праска во росоманско, пиперка на буништата во Кривогаштани, протест на оризарите во кочанско и лозарите во Тиквешијата, ова е само дел од она што се случува изминатите години откако Владата на СДСМ и премиерот Зоран Заев се на власт.

Според нивните најави, доколку власта се оглуши на нивните барања и по протестот, македонските земјоделци се подготвени да ги радикализираат протестите со масовни блокади низ целата држава.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/514745589383235/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This