(Видео) Последна битka: Следете го во живо гласањето на Изборниот колеџ на САД за амрикански претседател

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За Бајден, меѓу другите, веќе гласаа и избирачи од државите Џорџија (16), Невада (6), Аризона (11), Пенсилванија (20), Висконсин (10) и Њујорк (29). Во таа земја, два изборни гласа доби од поранешниот претседател Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари Клинтон, поранешниот државен секретар. И двајцата се меѓу 29-те гласачи што ги има Њујорк. Гувернерот Ендру Комо од редовите на демократите, исто така беше еден од избирачите и воедно претседател на Изборниот колеџ.

Њујорк тајмс пренесе дека во моментот кога беше објавено дека сите 29 гласачи гласаа за Бајден и сенаторката Камила Харис за потпретседател во салата одекна силен аплауз.

Хилари Клинтон на Твитер го објави своето убедување дека во иднина „изборниот колеџ треба да биде укинат, а победникот да биде избран за претседател според бројот на собрани гласови“.

Избирачите од Изборниот колеџ се партиски лојалисти избрани од републиканците и демократите два месеци пред изборите и тие всушност ги потврдуваат гласовите на гласачите во сојузните држави.

Прва што денес ги сошти гасовите беше малата американска сојузна држава на североисток од земјата, Вермонт.

Во државата Пенсилванија, која исто така ја потврди победата на Бајден со своите 20 изборни гласови, лидерот на Демократската партија, Ненси Петон Милс, изјави: „Ова е одличен ден за демократијата“.

На изборите на 3 ноември во Пенсилванија, Бајден доби околу 81 000 гласови повеќе од Трамп.

Трамп и неговите сојузници поднесоа тужби во обид да го променат изборниот резултат, тврдејќи дека изборите биле нефер и биле обележани со нерегуларности, но државните и федералните судови ги одбиле тие тужби за возврат. Според избирачите, законот не бара да гласаат како што гласаа повеќето гласачи во нивната држава, но бројот на такви „бунтовници“ е мал, а некои држави сега воведоа казни за такви луѓе.

Според резултатите од изборите, Бајден ги освои гласовите на 306 гласачи, а Трамп 232. Се очекува по гласањето на Изборниот колеџ, новоизбраниот претседател Бајден да ѝ се обрати на јавноста со говор за отпорноста на американската демократија.

Дадените гласови ќе бидат испратени до Конгресот за официјално пребројување на 6 јануари, што е последната фаза од американскиот изборен процес, кога сегашниот американски потпретседател Мајк Пенс треба да објави дека Бајден е нов претседател.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This