(Видео) Почна средбата Димитров-Коѕијас во Охрид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Штотуку започна средбата помеѓу министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров.

Денешната средба која се одржува во Охрид претставува нова рунда преговори за надминување на проблемот со името. Оваа посета на Коѕијас е во рамките на неговата мини балканска турнеја. Вчера грчкиот министер беше во посета на Белград, а по средбата со Димитров најверојатно ќе отпатува за Приштина.

Двајцата дипломати во пресрет на денешната средба истакнаа дека очекуваат позитивен напредок во разговорите, во насока на натамошно зближување на позициите, но посочија дека се уште постојат прашања кои треба да бидат решени. Атина инсистира на уставни промени за кои Македонија смета дека не се потребни. Последната рунда преговори за спорот за името се одржа на 30 март во австриското МНР во Виена каде шефовите на дипломатиите на двете држави Димитров и Коѕијас одржаа средба со медијаторот Метју Нимиц. По средбата Димитров изјави дека има условен напредок во преговорите, бидејќи со одењето напред доаѓаат потешките прашања.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This