(Видео) Празните ветувања на Шилегов: Проекти кои ја одбележаа неговата кампања, но не и неговиот мандат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изборната кампања на локалните избори, тогашниот кандидат, сега градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов пред граѓаните презентираше обемна програма со над 100 проекти за подобрување на животот на граѓаните.

Меѓу тие проекти се најдоа и неколку покрупни, кои ја одбележаа неговата кампања, но за жал, не го одбележаа неговиот мандат.

Петре Шилегов на големо ветуваше дека ќе го реши најголемиот проблем на скопјани, аерозагадувањето. Toj за таа цел ја потпиша и платформата на Граѓанската иницијатива „О2 Коалиција“.

„Ги здруживме силите во борбата во Скопје да имаме чиста животна средина, чист воздух и чиста вода за пиење. Со Граѓанската иницијатива „О2 Коалиција“ постигнавме согласност за одредени мерки, кои што ќе мора да се спроведат во борбата за чист воздух и здрава животна средина. Затоа ве повикувам на 15 октомври масовно да излеземе на гласање и одлучно да се спротивставиме на досегашната негрижа и загрозувањето на нашето и здравјето на нашите деца“, порача тој.

Секој жител на Скопје, но и секој што го посетил градот макар на еден ден ќе потврди дека проблемот со загадувањето е далеку од решен. Граѓаните сѐ гушат, а има денови кога прст пред око не се гледа.

Друг голем проект кој исто така не ја виде светлината на денот беше и трамвај кој ќе ги поврзува Нови Лисиче и Ѓорче Петров.

„Трамвајот во еден град го менува самиот град, го менува ликот на градот, навиките на граѓаните. Моите очекувања се дека со реализација на овој проект многу брзо јавниот транспорт во Скопје ќе стане финансиски исплатив“, изјави во една прилика Шилегов.

Трамвај не добивме.

Петре Шилегов во текот кампањата за локални избори 2017 големо внимание привлече и со заложбите за зелено Скопје. Беше најавено дека Скопје ќе биде победник за конкурсот за зелена престолнина во Европа за 2021 година. Тоа го најавија во својата изборна програма, за подоцна да објави дека не само што не успеале да победат, туку не ни успеале да влезат во финалето.

Шилегов во преизборната кампања најави и изградба на нов дом за згрижување на бездомници. Но, неодамна тој истакна дека таков проект не е во негова надлежност.

„Со измените на закон за социјална заштита нема извршено децентрализација на ингеренциите, тоа ќе започне до крајот на идната година. Изградбата на дом за бездомници остана во ингеренции на централната власт“, истакна Петре Шилегов.

Да не ги заборавиме и големите планови за езерото Треска.

„Езерото Треска повторно ќе биде еден од бисерите на Скопје“, Истакна во една прилика Шилегов, додавајќи дека ќе се врати сјајот на овој рекреативен центар неопходно е да се изработи проект за ревитализација на Езерото Треска.

Деновиве багери рушат во СРЦ Сарај, се најавува градба на некаков туристички развоен центар. Езерото е исушено, објектите и приколките се срамнети со земја.

Инаку Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, пред неколку денови најави дека планира и втора кандидатура.

Но како што изјави и самиот во една прилика „Никогаш да не ме гласате“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This