(Видео) Пренџов: За зaгaдување нема пари, за ковид нема пари, за партиски вработувања има милиони

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов, на собраниската расправа за ребаланс набуџетот, му релицираше на министерот Кастриот Реџепи, откако тој, во своето обраќање, одби да ги прочита бројките, односно парите кои се реално потрошени за помош на граѓаните, наспроти оние кои секојдневно се трубат во јавноста.

„Почитуван колега Реџепи, вака, јасно ми е зошто не сакавте да ги читате бројките, затоа што ќе моравте да го дадете наративот на премиерот во којшто ни кажува секој ден дека помогнал или позајмил 550 милиони евра на фирмите и граѓаните, а реалната бројка, по буџет по финансии, реално дадени пари помеѓy 170 и 18о милиони евра“, изјави Пренџов од собраниската говорница.

Пренџов додаде дека и тој самиот би се срамел да ги прочита тие бројки со оглед на тоа дека се поразителни.

„И јас да сум бил на ваша страна исто така би ми било срaм да ги читам бројките бидејки бројките се навистина поразителни за политиките кои што ги поддржувате.“

Пренџов го праша министерот Реџепи, како тој ќе се оправда пред своите гласачи и поддржувачи за кратењето на средствата наменети за справување со загадениот воздух, дивите депонии, како и за поправка на мерните станици.

„Понатаму, кажавте дека ова е до нова година, дека е само за два месеци, дека не треба многу театар да правиме во собранието, и во комисиите. Се согласувам, ама сакам да ве прашам, во октмври ноември и декември, ве прашуваат ли вас, вашите гласачи, што е со загадувањето на воздухот? Ве прашуваат ли вашите гласачи зошто 90%, 90% од средствата за чистење на диви депонии на територија а Република Македонија се скратени?“, прашува Пренџов.

За тоа ве прашуваат ли граѓаните?

Ве прашуваат ли граѓаните во Скопје зошто 21 мерна станица не работат, а две третини од средствата предвидени за резервни делови на тие мерни станици ги крати финансии и дека нема да знаеме коолку ни е загаден воздухот и што треба да правиме?

Ве прашуваат ли граѓаните што ќе направи оваа власт за да се намали загадувањето на воздухот или тоа не ве прашуваат?

А и да ве прашуват, што ќе кажете?

Пренџов додаде дека министерот Филипче нема предвидено финансиски средста ниту за набавка на нови кревети, за нови реагенси, за бесплатни ПЦР тестови за целото население ставено, за нови модуларни болници, со оглед на тоа дека допрва се очекува пикот на епидемијата.

„Тоа се наредни два месеци. Немаме!“, рече тој.

Пратеникот нагласи, дека сепак, и покрај бројните кратења на средствата од моментално најголемите проблеми со кои се соочуваме, Владата успеа да најде милиони за вработувања на партиски вojници, кои, како што додаде тој, ќе имаат единствена работа да „трчаат“ за престојните избори во Штип и локалните избори кои треба да се одржат следната година.

И пак ќе повторам, ама, за партиски вработувања, има милиони. За загадување нема пари, за ковид нема пари, за фирмите велиме 550 милиони им даваме, 170/180 милиони и потоа, не сакам да ги читам бројките…

Ова е многу сериозна работа, И загадувањето, и ковид-19. Односно комбинацијата којашто ни се случува, во наредниве два месеци, а тука пари ние не ставаме. За Преспанско езеро пари не ставаме. Ниту екологина не интересира, ниту животна средина не интересира, ниту здравств не интересира. Не интересира само да имаме 20/30 000 згрижени партиски вojници за да можат да истрчаат во Штип на изборите и догодина да на локални избори.

Е тоа е вистината во Република Македонија, господине Кастриот, заврши Пренџов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This