(Видео) Пренџов: Оваа година ќе имаме историски највисок буџетски дефицит

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Тешко на државата која што има 10 ипол милијарди БДП, а има 4ипол милијарди буџет. Тешко на таа држава и тешко на тие граѓани кои за среќа или за жал, не имаат нас за претставници во оваа собрание каде што како што тргнала работата треба да минуваме 4ипол милијарди буџет на 10ипол милијарди БДП. Држава во која што пет години не може 200 милиона да го зголеми својот БДП, ама затоа буџетите се зголемуваат како пропорционално да се зголемува БДП на државата, што е навистина многу трагично“, изјави пратеникот Љупчо Пренџов на денешната собраниска расправа за буџетот.

Пренџов изрази надеж дека за време на расправата за буџетот, кај пратениците ќе проработи совеста и ќе го прекројат буџетот да биде во интерес на граѓаните наместо во интерес на политиката.

Тој предупреди дека Македонија е црна дупка на Балканот во однос на странски инвестиции, со помалку странски инвестиции и од Црна Гора, која е помала од Скопје.

„Во изминатава пост ковид година, Во Србија имало 3,4 милијарди евра странски инвестиции, во Хрватска, 1,3 милијарди, во Албанија имало 1,1 милијарди странски инвестиции, во Црна Гора, која е помала од Скопје, имала 529 милиони евра странски инвестиции, БиХ имала 371 милион странски инвестиции, а оваа гранде влада, којашто блеска, којашто го има најдоброто во секоја општина, има 274 милиони евра странски инвестиции. Така тш кога ќе зборуваме и ќе држиме лекции, како ние ги поддржуваме првитаните инвеститори, дали се домашни или странски, независно, имајте го на памет фактот дека сме црна дупка по странски инвестиции на Балканот. Жално е, што донесувањето, или прекројувањето на буџетот да минуваме низ разно разни небулози.

Пренџов предупреди дека не чека тешка економска година со највисок буџетски дефицит од осамостојувањето на Македонија.

„Оваа година ќе имаме историски највисок буџетски дефицит од 65,9%. тука има едно ама.. Јас најодговорно ви тврдам дека нема да биде 66,9 туку ќе биде многу повеќе, затоа то парите кои пто мора да ги пумпаме за струја, а се некаде околу 350-380 милиони евра, ќе одат на конто на нови задолжувања, домашни или странски, и оваа бројка од 65,9 ќе оди за два или три проценти повеќе, што ќе биде своевиден преседан во независна Македонија.
И кога сме кај бројките, повторно ќе ви кажам една работа, се сеќавам кога беше европската должничка криза, тогаш канцеларката Меркел и другите лидери на Европската Унија пратија дописи до сите влади од регионот и во Европа дека не смее да имаме погоем долг од 60% од бруто домашниот производ. Вашите колеги коишто беа изминатите мандати во собранието, тој документ на претходната влада и го мафтаа на секои 15 минути, дека оди против препоралите на Европската унија, а сега ви е со гордост ни кажувате дека ќе имаме 65,9%, а јас најодговорно ви тврдам дека ќе биде поголем, и ќе повторам, од два аспекти, имаат напумпани приходи, нема да се остварат, бидејќи нема кој, нема стопанство веќе да плаќа арачи на оваа држава, и бидејќи ќе има 350-380 милиони нови, со коишто ќе мора да се помогне за електричната енергија.

Во однос на приходите, Пренџов потсети дека има пад на индустријата од 8%, додека власта тврди дека имаме 16% повеќе приливи во буџетот

„Не знам од каде ви се тие приливи, освен ако не се фиктивни“, коментира Пренџов.

Пренџов побара одговор, дали, лани во ноември со енергетскиот биланс било предвидено што ќе се случува оваа година со ова што се случува сега, и доколку предвидел, а никој не реагирал, кој ќе сноси одговорност.

Во однос на сивата економија, Пернџов потсети дека според светска банка имаме 38% сива економија.

„Од 100 денари коишто треба да и се платат данок на државата, 38% се сива еконимија и никој не и ги плаќа, а останатите се плаќаат и очигледно се премалку. После пет години власт, да ми кажете дека имаме 38%, а 2017 беше 34%, треба да си барате одговорност и во рамки на владата, и во рамки на партијата во којашто членувавте“, изјави Пренџов.

Тој ги кометираше и европските фондови, односно грантовите кои ги доби земјата
„ДАли знаете колку од европските грантови се искористени вмо МЗШВ, или во транспорт и врски, или колку пари ни зедоа за оваа легендарна железница кон Бугарија што ја правиме 20 години уназад? Дали пари ќе ни земат дополнително на суд, за автопатот гградско-Прилеп, и колку пари од буџетот ќе ни ги земат, и потоа можеме да зборуваме за грантови, за ЕУ помош, се тоа е убаво, ама едноставно, луѓето коишто ја водат владата после пет години го немаат тој кредибилитет“, изјави Пренџов.

За крај, пратеникот ја коментираше зелената агента која навидум сите ја поддржуваат,
„Минатата година имаше предвидено само 191 милион денари, 3 милиони и нешто за управување и заштита на води, оваа година се 176, намалени за скоро 8%. Мината година дискутиравме дека имаме проблеми со воздухот и дека имаме реформи, и викавме тогаш дека парите се премалку за да се бориме за загадениот воздух. Еве оваа година се 64 милиони. И како понатаму да разговараме за зелени политики, животна средина итн. Немилосрдни се бројките“, реагираше Пренџов.

Пренџов апелираше до пратениците, сите заедно да се согласат да се променат бројките за буџетот да биде во корист на граѓаните,

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This