(Видео) Пренџов: Bо 2001 г. на раб на граѓанска војна, 90 милиони странски инвестиции, за еден квартал сега 24 милиони странски инвестиции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од ГРОМ Љупчо Пренџов, на собраниската седница која се одржа на 07.07.2021 г. коментираше во однос дека моменталната Влада на Македонија не изградила ништо во изминатите три ипол години и потенцираше дека тоа е ФАКТ. Пренџов исто така напомена дека во 2001 г. на раб на граѓанска војна имало повеќе странски инвестиции, него ли што има моменталната Влада во овој квартал.

– „Почитуван колега Велковски, претпоставувам дека не сте ме разбрале. Најпрвин да се расчистиме околу тоа што е лично. Јас реков дека не сте човек што излегува на реплика за да го има на телевизија, но дека разбирам дека е многу тешко, макар и вие да го браните ова, бидејќи ова не се брани. Ако сте ме сфатиле поинаку, тоа е друго, но ни на крај памет не сум помислил, биидејќи јас никогаш лично не сум навредил некој во ова Собрание и тоа го знаете сите. Така да претпоставувам дека сме имале лоша комуникација“. – посочи Пренџов.

– „Што и да направите, што и да кажете, фактот дека 4.7 милијарди бил долгот до 2017 г. и сите за 25 години Влади што граделе направиле долг од 4.7, вие ништо не изградивте за три ипол години, 2 ипол ја задолживте државата, и тоа е ФАКТ. Да се види од крупните работи, тоа е ФАКТ. Нула километри автопат, нула километри железница, нула хидроенергетски системи.. 2 милијадри и 400 милиони долг околу крупните работи, да се разбереме, и тоа така е. Еден збор не кажа никој за странски инвестиции и пак ќе ви повторам, макар бил и досаден, во 2001 г. на раб на граѓанска војна, 90 милиони странски инвестиции, за еден квартал сега 24 милиони странски инвестиции. Повеќе и веруваат на држава во таква состојба него ли на вашата Влада и тоа е факт број два од кој што нема бегање“. – истакна Пренџов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This