(Видео) Пренџов: Cиpoмaштиjaтa ќe ce згoлeмyвa бидejќи влacтa e нecпocoбнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вчерашната собраниска седница за ребаланс на буџетот, пратеникот од ГРОМ Љупчо Пренџов, потенцираше дека и Обама да го донесеме да ја води државата, нема да може да ја намали сиромаштијата.

– Ветувавте чист воздух, ветувавте здрава животна средина, а на секој Буџет и на секој ребаланс има се помалку и помалку средства за истата. Владата видовме, почитувани колеги што мисли во врска со амандманот, еве ќе ви го повторам: 150 милиони денари се околу 2 ипол милиони евра… 2 ипол милиони евра на 4 милијадри и 200 милиони евра Буџет. 2 ипол милиони евра за да 25 илјади домакинства ширум Република Македонија добијат филтри на оџаците, зборуваме за оние кои што се греат на дрва и друг цврст отпад, за да се намали загадувањето. Па ќе ве потсетам, и лани го зборував истото, на бранот на амбиентален воздух на власт дојдовте во Скопје. Потоа си протестиравте сами пред себе, а сега што би рекол Луј, правите како да не сте одавде. – истакна Пренџов.

– Барам да дискутираме, да излезете од Социјал Демократскиот Сојуз на оваа говорница и да им кажете на граѓаните дека не ви се даваат ни 2 ипол милиони евра за да имаме почист воздух, и ова не е популистички амандман. 2 ипол милиони евра за само 25 илјади домакинства да бидат иницијална каписла, за во иднина секој оној кој што се грее на дрва да добие соодветен филтер и да не ја загадува околината. Да не се лажеме почитувани колеги. Сиромаштијата во Македонија не само што нема да се намалува… ќе се зголемува. Обама да го донесеме да ја води државата, на ова дереџе на кое што вие ја донесовте нема да може да ја намали сиромаштијата. Сиромаштијата ќе се зголемува бидејќи сте вие неспособни. – додаде Пренџов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This