(Видео) Путин до американската новинарка: Убава жена, но не слуша ништо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во интервју за Си -Ен -Би -Си, рускиот претседател Владимир Путин опширно одговори на новинарkaта на американска телевизија, Хендли Гембл, на прашањето дали Русија користи гас како оружје.

„Русија воопшто не користи никакво оружје, ако обрнете внимание … Ова се токму политички мотивирани озборувања кои немаат основа во врска со користењето на енергијата како вид оружје“, рече меѓу другото Путин.

Тој, исто така, посочи дека додека Русија ги зголемува, а партнерите од други земји, вклучително и САД, ги намалуваат испораките на гас во Европа.

Сепак, и покрај деталниот одговор на рускиот претседател, следуваше ново прашање од новинарката: „Видовме глобален скок на цените и како можете да ја натерате Европа да верува дека сте сигурен партнер кога не ја испорачувате таа енергија од гас преку цевководи? “.

Одговорот на Путин изненади многу присутни, како и самата американска новинарка.

„Убава, фина жена. Јас ви кажувам едно, а таа нешто сосема друго. „Како да не слушна што реков“, рече Путин, повторувајќи дека Русија ги зголемува, а не ги намалува испораките на гас.

Во интервјуто, Путин зборуваше за бројни теми, вклучувајќи дали ќе се кандидира на следните претседателски избори и за потенцијален наследник, нови блокови што се создаваат во светот, но и зошто мисли дека Америка прави грешка во однос на својата валута.

Видеото погледнете го тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This