(Видео) Пoтpecнo cвeдoштвo зa бугарската okyпaциja: „Ја огpaбиja црквата Пресвета Богородица, нe тeпaa и нe тepaa дa викaмe дeкa cмe Бугари“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– 43` година бугарскиот окупатор, фашистички окупатор, ја опљачка целата црква. Од игла до икона, до свети делови, од самата црква. Се е земено и опустошена е црквата.. А јас се сеќавам, 44`година, јас се сеќавам како дете, црквата беше запалена под притисок на бугарскиот окупатор од страна на партизанските одреди. И они се нарекуваат административци, кои се тие административци, неможе тоа така они како што мислат, изјави за Алфа, 88 годишниот Бранко Кодриќ, маџармаалски староседелец.

Вака, со солзи во очите 88-годишниот Бранко Кодрич, маџармаалски староседелец, се сеќава на 1943 година кога црквата Пресвета Богородица била опустошена и запалена од страна на бугарскиот окупатор.

  • Рано беше сабајлето, околу 5 часот  најверојатно, рано, полицајци и тие со баронети, и тие со плави униформи, полицајци и војници, од црквата не избркаа, не само нас туку сите луѓе што спиеја околу не исфрлија накај реката Вардар.  И црквата „Пресвета  Богородица“ 1943 година бугарскиот административец како што они се претставуваат, не се административци -вели Кодрич..  

Моето семејството и сите познаници постојано бевме под притисок и бегавме од едно на друго место при секоја тортура и напад на окупаторот раскажува Кодрич.  Многу ретко одевме  на училиште. Иако дома си зборувавме македонски јазик, во училиште бевме присилени  да учиме бугарски. Во спротивно, вели тој, сите ученици беа тепани.  

  • На таблата пишува десет пати „аз сам Б`лгарин“ , десет пати. Јас како дете седнав таму кај нив и сите излегуваат и кажуваат. И на крај, и јас дојдов на ред да го прочитам тоа. Го прочитав десет пати, и ме прашува учителката Лилјана, никогаш нема да ја заборавам, како да ви кажам тоа сигурно е некоја процедура кај нив како терористички акт, еден голем ленир и ајде прочитај и јас го прочитав тоа 10 пати и на крај ми вика сега „какв си ти“ и јас викам Македонец. Узни и мавај со ленирот по глава, по уши, по раце,  по нозе. Јас оттогаш никогаш не сум отишол ниту на Веронаука ниту во училиште-раскажува со солзи во очите Бранко Кодрич. 
  • Не можеме да дозволиме политичари за зборуваат за историјата или историчари за политиката- вели Кодрич. Ме боли душата кога велат дека Гоце Делчев е Бугарин, а без факти. Сведоштвата како неговото остануваат запишани. 

Извор: Алфа

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This