(Видео) Пpeнџов: Направивте пycтош, бpoјките се немилocрдни – не работите ништо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната пленарна седница во Собранието на Република Македонија во која се расправаше за ребалансот на буџетот, пратеникот од редовите на опозициската ГРОМ, Љупчо Пренџов истакна дека се што треба за да се види дали работи или не една Владата е буџетот и економските резултати, а тие се немилосрдни и катастрофални за Македонија и Владата.

-За една Влада дали работи или не работи треба да се гледа буџетот кој што го крои и не случајно и самиот законодавец предвидел да има 10 дена комисиска расправа, 5 дена на пленарна седница, не случајно говорите се по 20 минути за разлика од другите закони каде што се по 10 минути. Тоа е затоа што една Влада може да има одличен ПР секој неуспех како со датумот да го претставува на граѓаните како успех, но кога се бројќите во прашање тука немаме ниту тронка простор за маневар и тие почитуван министер за вас се немилосрдни како бројќи кои ги имаме во државата, истакна тој.

Пренџов го потенцираше фактот дека Македонија годинава го има историски најголемиот буџет, но за жал од истиот се одвојуваат најмал дел средства за капитални инвестиции во последните 15 години.

-Сакате што е можно помалку граѓани да слушнат за oна што и го правите на државата, да слушнат за пустошот кој го оставате зад вас. Сакате што помалку граѓани да слушант дека ова е буџет кој во последните 15 години има проектирано најмалку капитални инвестиции, а истовремено е најголем буџет од 4,391 милијјарди евра, вели Пренџов.

Видеото можете да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This