(Видео) Пpeпopaкa дo вepcкитe лидepи дa ги пoчитyвaaт пpoтoкoлитe зa зaштитa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту преселбите, ниту семејните прилики, ниту животните премрежија не го сопреле драчевецот Благе Стефановски да го запази редот во чест на светецот, заштитник на сиромашните Св. Никола. Така тој и годинава го посети храмот крстен според овој светец за, како што вели, да се запази редот за славата и вербата во Бога.

Како што забележа камерата на ТВ24 и покрај рестриктивните мерки за заштита на граѓаните од коронавирусот, верските храмови ќе останат отворени за време на празниците – но со почитување на здравствените протоколи кои здравствените власти ги изготвија посебно за верските заедници. Така беше и денеска, во црквата Св. Никола во скопски Аеродром.

Верниците постојано доаѓаа, но без вообичаените групурања карактеристични за ваквите празници. Свесни дека коронавирусот не бира жртви, велат дека овој голем христијански празник ќе го прослават дома. 

Сепак од Владата ги потсетија верските лидери дека рестрикциите важат и за верските заедници потсетувајќи на минатите прослави на Велигден, Бајрам и литијата во Струга. 

„Владата им укажува на верските заедници за забраната од организирање и групно собирање на, во и околу верските објекти, по повод претстојните верски празници, вклучително и со препораките за прослави во домашни услови, во викендици и низ разни објекти во туристичките локации на територијата на Република Северна Македонија“ – велат од Владата.

На почетокот на празнувањето на најзначајните христијански празници, со апел се јавија и здравствените власти. Побараа строго почитување на мерките. 

А од Министерството за внатрешни работи за ТВ 24 велат дека полицијата е веќе на терен, во засилени контроли.

Во пресрет на празниците власта презеде дополнителни мерки за заштита од ширење на коронавирусот. Меѓу нив и забраната за работа на угостителските објекти после 18 часот како и издавање на викендици на поголеми групи луѓе. Дополнителните рестрикции ќе важат до 20. јануари 2021 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This