(Видео) Пpoдолжува xaocoт во CAД: Со пцyeњеe и аплayз ја иcфpлиja од авион жената, која yпaднaлa во Конгресот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Патниците на лет во САД се снимени како аплаудираат и довикуваат кога од авион била отстранета жена која наводно учествувала во немирите во Вашингтон.

Корисникот на TikTok, TJ Спенсер Жак сподели снимки од моментот кога неидентификуваната жена излегува од авионот Делта, откако било откриено дека се наоѓа на списокот на забранети патници.

Жената била една од стотиците приврзаници на Доналд Трамп кои протестираа против резултатите од претседателските избори со упад во Конгресот.

На снимката може да се слушне „Излези од авионот“, додека жената оди кон излезот.

Мажот кој снимал објаснил дека жената претходно била видена како теши друг патник кој бил ставен на списокот. „Сите се наоѓаат на списокот за забрана за летови, бидејќи тие се радикални бели терористи“, вели тој.

Со ставање на бунтовниците на списокот за забрана за летови, треба да се спречи да се вратат во Вашингтон за да учествуваат на идните протести, за кои наводно веќе почнале да кружат планови на социјалните мрежи, а еден од нив, наводно, е закажан за 17 јануари.

Покрај тоа што се ставени на список за забрана за летови, бројни демонстранти се уапсени.

@tjspencerjacques

more Trump supporters getting kicked off Delta as no fly terrorist. ☕ ##noflylist ##magaterrorists

♬ original sound – TJ THE FOOTBALL PROPHET

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This