(Видео) РЕВОЛТ: Алијанса истури црвена боја пред Министерството за правда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Алијансата за Албанците во знак на револт за иницијативата за помилувања го обоија со црвена боја Министерството за правда.

Омер Ајдини од Форумот на млади на Алијансата за Албанците истакна дека бараат итна оставка од министерот за правда, заменик министерот и сите чинители кои ја преземале оваа иницијатива за помилување.

– „Се наоѓаме пред Министерството за неправда да ја изразиме својот револт во врска со иницијативата на ова Министерство за помилување на криминалците и крадците во оваа држава. Станува збор за убиецот на малиот Алмир – Бобан Илиќ, за криминалците кои го украдоа државниот буџет од над 17 милиони евра како Сеад Кочан, вакви случаи. Ова е кулминација и повеќе не може да се издржи. Тоа се луѓето кои се спремни да ја згазат крвта на Алмир, нашата крв и само со единствена цел да ги чуваат своите министерски позиции. Пред Министерството за неправда симболично ја фрливме крвта на оние кои настрадаа од овие криминалци, за да ви покажеме дека се подготвени да ја нагазат оваа крв само за да ги бранат своите позиции. Бараме итна оставка од министерот, заменик министерот и целото раководство што ја презеде оваа иницијатива“ – изјави Ајдини.
Видеото може да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This