(Видео) Реки од лава ги поплавија селата во источниот регион на Конго

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Реки од лава се спуштаа на селата во источен Конго, по вулканска ерупција во која загинаа најмалку 15 лица и Беа уништени најмалку 500 куќи.

Ерупцијата во Мон Њирагонга принуди 5.000 луѓе да се евакуираат од градот Гома близу границата со Руанда, додека други 25.000 лица побараа засолниште во северозападниот град Саке, објави УНИЦЕФ, а пренесе АП.

Се стравува дека повеќе од 170 деца се водат за исчезнати, а претставниците на УНИЦЕФ соопштија дека тие организирале транзитни центри со цел да им помогнат на децата без придружба „при најавата за катастрофата“.
Гома беше уништена за време на вулканска ерупција во 2002 година, кога стотици луѓе беа убиени, а повеќе од 100.000 луѓе останаа без покрив над главата.

Овој пат, повеќе страдаа селата во близина на вулканот.
Властите соопштија дека најмалку пет лица загинаа во камион што ги евакуираше жителите од Гома.

Жителите велат дека речиси и да немало предупредувања пред мрачното небо да стане црвено, по што луѓето побегнале и си го спасиле животот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This