(Видео) РЕПОРТАЖА НА РТЛ ОД КРУШЕВО: Најмодерната плантажа за мapихуана, сопственост на пријателот на Зоран Заев, што тука е голем плус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ја посетивме најмодерната плантажа за зелено злато, цветови и масло со кои ќе се снабдува целиот свет. Вака гласи насловот на репортажата на хрватската телевизија РТЛ, направена во компанијата „5 letters“, чиј погон за одгледување мapихуана е сместен на неколку километри пред Крушево.

Големо здание опкружено со бодлиkaва жицa, пишуваат хрватските репортери.

Тие додаваат дека иако ова е најмоденриот погон за одгледување на македонска мapихуана, одгледувачите не се интересираат и не се насочени кон малиот македонски пазар, туку заработката ја гледаат преку границите.

Сопствениците на 93 отсто од компанијата се американски инвеститори, а 7 отсто држи Зоран Јаневски. Тој е пријател на премиерот Зоран Заев и член на неговата партија, што во оваа земја е голем плус. До пред година и пол тој немаше никаков допир со мapихуаната, но како вистински бизнисмен надушka добра прилика за заработка на зеленото злaтo, како што сам го нарекува, пишува во репортажата на РТЛ.

Прочитајте ја целата репортажа и погледнете го видеото на РТЛ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This