(Видео) Сведоштво: Ce бopeв пpoтив пpoмeнaтa нa имeтo, пopaди тoa мe нaмecтиja co 220 гpaмa mapихyaнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вчерашната емисија на Инфомакс, “Тешки муабети”, гостуваше Тони Арсов, кој што бил жртва на моменталната власт на СДСМ во Македонија, по наредба на Оливер Спасовски, наводно заради поседување на 220 грама марихуана.

Арсов повеќе од 27 години бил член и лојален на СДСМ, но за време на референдумот за промена на името, тој се спротивставил на матичната партија бидејќи не се согласувал со Преспанскиот Договор.

Сите проблеми во неговиот живот започнале откако тој кренал власт против Заев и политиките на СДСМ.

“Јас многу добро знам како беше пред да победат СДСМ.. Оливер Спасовски, Љупчо Николовски и други луѓе пред да дојдат на власт ветуваа.. Инаку вака што ми се случи ова на мене е заради овие двајцава што ги напоменав. Мене ме осудија на намештаљка, јас немав никаква врска со тоа. Многу добро знам јас како личност, бев многу близок со овие што сега се на власт, Оливер Спасовски, што тој лично по негова наредба има наредено да ме тргнат од Славјанскиот факултет”. – истакна Арсов.

Како што напомена Арсов, тие тоа го сториле со помош на неговата бивша жена, која што е прва братучедка на Стојанче Ангелов, без никакви докази, дури не му земале ниту мокрача за да се потврди.

“Они ме наместија мене на пе***ски начин да се каже. За 220 грама марихуана, што никогаш во животот не сум го правел тоа, со помош од мојата бивша жена, бидејќи таа е прва братучедка на Стојанче Ангелов, тој што сега се прави голем херој. За 220 грама марихуана, без докази, без отпечатоци, ни мокрача не ми земаа..” – надополни Арсов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This