(Видео) Светот забега: Со автомобил влета во толпа народ на парада – најмалку пет лица ги загубија животите и над се 20 повредени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Славеничка божиќна парада во градот Ваукеша, во американската сојузна држава Висконсин, синоќа за миг се претвори во сцена на ужас откако возач на теренски автомобил со голема бризина влета во толпа, при што има најмалку 5 загинати и повеќе од 20 повредени лица, јави Ен-Пи-Ар.

Оттаму соопштуваат дека меѓу прегазените имало и деца.

Полицијата не знае дали нападот е поврзан со тероризам.

-Нема никаква основа за тоа, изјави Ден Томсон, командир на полицијата во Ваукеша.

Според него, возилото било пронајдено и задржано е „едно лице“, без да се прецизира дали тоа е возачот.

Отворена е истрага и во неа се вклучи и Федералното биро за истраги.

Полицијата информира дека местото на крвавиот настан е расчистено и дека централниот дел на градот сега е безбеден.

Во видео постирано на социјалните мрежи се гледа како црвен џип преминува две ниски барикади и со голема брзина се движи низ главната улица. Се гледа и како полицаец се обидува да го запре возилото со пукање во него.

Видео може да погледнете ТУКА.

Видео може да погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This