(Видео) СДСМ yдpи по младите, без никакво образложение во полициска станица задржани повеќе членови на Унијата на млади сили во Пробиштип

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ е очајна па удира по младите, денеска власта на Заев без никакво образложение ги држеше во полициска станица повеќе членови на Унијата на млади сили во Пробиштип. Причината за нивното приведување е искажување на политичка мисла против локалната власт во Пробиштип и нивната неспособност. СДСМ ја нема поддршката на граѓаните, а особено од младите и затоа удира по младите, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна генералниот секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Мартин Андоновски.

-СДСМ константно спроведува политички прогон врз сите неистомисленици. Но и покрај тоа бидете сигурни дека не можете да ги покриете вашите лоши политики со спроведување на терор и сеење на страв. Младите нема да ги исплашите! Младите се носители на промените. Почитувани господа од власта ние младите ви порачуваме дека за целото незаконие, лажни ветувања како на локално така и на централно ниво ќе одговарате и тоа за многу брзо. Нема да не уплашите и нема да не сопрете! Ќе бидете победени! Македонската пролет доаѓа, потенцира Андоновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This