Cpyшeн саудиски paзyзнaвaчки авион над Сана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јеменските бунтовници Хути денеска соборија саудиски разузнавачки авион, соопштија од оваа проиранска група веднаш по нападот што коалицијата предводена од Саудиска Арабија го изведе врз јеменската престолнина Сана, јавија британските медиуми.

Портпарол на Хута изјави дека станува збор за авион од типот „Караел“ од турско производство.

Британските медиуми претходно денеска јавија дека коалицијата предводена од Саудиска Арабија изврши воздушни напади врз јеменскиот главен град Сана, тврдејќи дека притоа биле соборени и неколку вооружени беспилотни летала, што Хутите ги кренале во воздух кон цели во Саудиска Арабија.

Саудиските државни медиуми наведоа дека беспилотните летала биле упатени кон „цивилни цели“, но не беа наведени точните локации, додека американскиот конзулат во Џеда, саудиски град на брегот на Црвеното море, наведе дека има сомневања за напади и детонации кеај Џеда и Камис Муџаита.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти дека операцијата во Јемен ја спроведе во согласност со меѓународното право.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This