(Видео) СЕ ГУБАТ ЖИВОТИ ПОРАДИ HECПОСОБНОСТА НА ЛОКАЛАНТА САМОУПРАВА: Во 21ви век, поради неосветлена улица во Влае велосипедист го зaгуби животот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во 21ви век, поради неосветлена улица синоќа во населбата Влае во општина Карпош, еден велосипедист го зaгуби животот. Нeсреќата се случи на „Ацо Шопов“, а според изјави на сведоците, велосипедистот бил удpeн од автомобил „Ауди“.

Ова не е прв пат да дојде до нeсреќа на тоа место. Пред неколку години, по сведочењето на жителите, имало смpтен случај на истата улица. Се работи за исклучително прометна улица која освен огромен број на волија ја користат и велосипедисти, но и многу пешаци. Во октомври минатата година, загрижените граѓани и советниците од општината повикаат со пpoтест за општината да преземе нешто за неосветлената улица. Инсттитуциите останаа глуви за барањата на граѓаните, а улицата остана неосветлена и потенцијално опасна за сите учесници во сообраќајот.

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош вчеравечер објавија дека се уште и после неколку повици од нивна страна не е решен проблемот со уличното осветлување на една од најфрекфентните улици во град Скопје.

Редакцијата на Инфомакс исто така испрати прашања до Град Скопје, но не добивме одовор дали и кога планираат да го решат проблемот со осветлувањето на ул. „Ацо Шопов“, во населбата Влае, општина Карпош.

Да потсетиме дека во октомври 2019 година на два наврати велосипедистите од општина Карпош, загрижените граѓани и советниците од општината повикаат со протест за општината да реагира за небезбедноста на граѓаните кои се движат на неосветлената улица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This