Во Кувајт се запали најголемата депонија за гуми за автомобили во светот.
Се проценува дека на депонијата, која е во близина на местото Ал Сулаибија во Кувајт, има повеќе од седум милиони гуми.
Од пожарот се крена густ црн чад, а многумина се загрижени за загадувањето што ќе го предизвика, но и за климатските промени.
Во 2013 година, британскиот „Дејли Мејл“ објави извештај во кој се наведува дека секоја година во песочната почва на тој кувајтски град се копаат џиновски дупки и во нив се закопуваат стари гуми.
Видеото погледнете го ТУКА.