(Видео) Силeн уpaгaн во Мeксико – мpтoвeчки сaндaци плoвeа низ пoплaвeнитe улици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку осум лица загинаа откако ураганот Грејс го погоди источниот дел на Мексико, каде донесе силен дожд и силни налети на ветер, што предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија и поплави.

Најголем број загинати и најголема штета е регистриран во сојузната држава Веракруз, каде бурата ги корнеше дрвјата. Бурниот ветер дуваше со брзина до 200 километри на час.

Ветровите достигнаа брзина до 200 километри на час, а ураганот беше класифициран како трето ниво на скалата Сафир-Симпсон од еден до пет.

Локалните телевизиски станици прикажаа снимки од поплавите во главниот град Веракруз, Халапи, а по улиците пловеа ковчези на погребална компанија.

Локалните власти, исто така, изјавија дека блиската река Актопан се излеала, поради што автопатот бил затворен.

Метеоролозите предвидуваат дека и во понеделник по локално време ќе паднат големи количини дожд во источно и централно Мексико.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This