(Видео) Слобода, еднаквост, братсво: Повторно мacовни пpoтecти во Франција пopaди задолжителната вakцинациja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нови масовни протести во Франција на кои илјадници граѓани протестираат против планот на францускиот претседател Емануел Макрон да ги вакцинира здравствените работници и да го направи ковид сертификатот задолжителен документ при влез на места како кина и ресторани.

Макрон оваа недела најави мерки за борба против брзото ширење на инфекција со коронавирус, за која демонстрантите велат дека ја нарушува слободата на избор на оние кои не сакаат да бидат вакцинирани.

Мерките на почетокот на неделата предизвикаа помали протести, а полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.

“Секој е владетел на своето тело. Нема шанси францускиот претседател да има право да одлучува за моето тело”, рече една демонстрантка од Париз која се претстави како Кристела.

На протестите се придружија и т.н. „Жолти елеци“ кои бараат продолжување на антивладините протести кои беа запрени поради блокадата во коронската криза.

Премиерот Жан Кастекс за време на посетата на центарот во Англет, во југозападна Франција, рече дека вакцинацијата, која во моментот не е задолжителна за сите, е единствениот начин да се победи вирусот.

Досега, околу 55,5 проценти од Французите примиле единечна доза на вакцина, додека 44,8 проценти биле вакцинирани со обете дози.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This