(Видео) Спасовски: Зaбраната за движење важи за територијата на целата земја и ќе бидат caнкционирани сите што нема да ја почитуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва изврши обиколка на полициските пунктови кое беа поставени за надзор и контрола на ивршување на одлуката на Владата за забрана за движење која започна во 22 часот, а ќе трае до 5 часот наутро. По завршената обиколка Спасовски изрази задоволсто од досегашната успешна реализација на одлуката и контролата во спроведување на одлуката за забрана на движење. Во својата изјава за медиумите, министерот изрази благодарност до полициските службеници, но и до граѓаните за досегашното почитување намерките, и исто така упати апел и мерките и понатаму да се почитуваат со цел да се намали ширењето на ковид-19.

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, упати прашање на министерот во поглед на тоа дали оваа мерка се однесува на целата територија, со оглед на тоа што минатата година бевме сведоци на одредено непочитување, но и толерирање на тоа непочитување во делови од Скопје, како Чаир, Арачиново, но и надвор од главниот град, во Тетово, Кичево, Струга..

„Министре, оваа мерка ќе важи насекаде поеднакво, бидејќи минатиот пат видовме во главниот град генерално се почитуваше, ама на пример во Чаир, во Арачиново, Тетово, во Кичево, Струга, во Ѓорче Петров, во Ново Лисиче беа мерките прекршувани?“, праша Митовски.

Министерот Спасовски нагласи дека мерките важат за сите, на територијата на целата земја, и секој оној кој нема да ги почитува ќе биде санкционира.

„Прво сакам да ви кажам, оваа мерка важи на целата територија на државата и важи за секој граѓанин на Република Македонија. Како што напоменав и во изјавата, најголем процент од граѓаните ги почитуваат мерките. Секогаш постојат луѓе кои што не почитуваат мерки и тоа без разлика каде живеат, во која општина живеат, на која националност припаѓаат, и затоа има против сите, без разлика кој е тој што не ги почитува овие мерки, меѓутоа мораме да дадеме признание на најголемиот дел од граѓаните коишто ги почитуваат мерките. Инаку ништо апсолутно не значи дали на едно или на друго место се почитуваат или не се почитуваат мерките. Таму каде што се почитуваат се почитуваат, тој кој не почитува ќе биде санкциониран и ќе биде казнет. Контролите се подеднакво на целата територија на Република Македонија и јас апсолутно не сакам да влегуваме во било какви поделби заради тоа што времето на пандемијата, битката со вирусот не познава ниту вера, ниту анција ниту место на живеење и така натаму. Едноставно, таа е опасност за сите нас и апелирам до сите и до вас медиумите да направиме, свој максимум д дадеме во стопирањето н ширењето на вирусот“, одговори Спасовски.

Оливер Спасовски во контрола на спроведувањето на полицискиот час, 10.03.2021

Оливер Спасовски во контрола на спроведувањето на полицискиот час, 10.03.2021

Posted by infomax.mk on Wednesday, March 10, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This