(Видео) Срамнeтa со земја зградата на највисоките лидери на Хамас, Израел изјави дека нема намера да го пpekине огнот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израелската војска објави видеоснимка на која е прикажано уривањето на 12-катната зграда во градот Газа во која биле канцелариите на највисоките лидери на Хамас.

Израелските дронови испукаа повеќе истрели како предупредување на луѓето на покривот за да имаат време да ја напуштат зградата пред да биде уништен.

Припадниците на организацијата „Исламски џихад“ потврдија дека во нападот загинале тројца нејзини команданти.
Здравствените центри од Газа соопштија дека 28 лица се убиени, а 152 рането. Ашраф ал-Кидра, портпаролот на министерството, рече дека изрелскиот „суров“ напад го преплавил здравствениот систем кој веќе бил во тешка состојба поради епидемијата од ковид-19.

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц изјави денеска дека воените операции во Појасот Газа ќе продолжат онолку време колку што е потребно.
– Израел не се подготвува за прекин на огнот. Моментно нема датум за завршување на операциите, истакна Ганц.

Во текот на посетата на градот Ашкелон, тој нагласи дека Израел нема да ги слуша моралните предавања против својата должност да ги заштити израелските граѓани.

Истовремено, израелската Служба за безбедност Шин Бет идентификувала четворица највисоки команданти на движењето Хамас кои загинале денеска во заедничката операција со израелските одбранбени сили.

Шин Бет нагласи и дека, покрај тоа, се убиени уште десет оперативци од одделот на Хамас за производство, истражување и развој на оружје.Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц изјави денеска дека воените операции во Појасот Газа ќе продолжат онолку време колку што е потребно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This