(Видео) Стаменкова ништо не сработи во својот мандат за Македонска Каменица, но успеа да го прошета светот на сметка на општината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред помалку од еден месец, од страна на владејачката партија беше спроведена анкета за тоа колку нејзините градоначалници заслужуваат втор мандат. Сосема очекувано, градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, не успеа ниту да се најде на анкетниот прашалник. Еве и зошто, изјави на прес-конференција Димче Атанасовски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

-Во нејзиниот речиси четиригодишен мандат, Соња Стаменкова ги остави нереализирани следните проекти од нејзината предизборна програма: нови детски игралишта, комплекс спортски терени на помошното игралиште, велосипедски патеки, награден фонд за спортисти, финансиска и нефинансиска поддршка за младите, бизнис центар и индустриска зона, колектор за фекални води, енергетска ефикасна општина, доуредување на туристичкиот комплекс Еленец во село Цера, доградба и осветлување на каменичкиот кеј, систем за наводнување на зелени површини, два моста во централното градско подрачје, пешачка патека околу Калиманско езеро, нова општинска административна зграда, стационар за кучиња, нова сообраќајна сигнализација, ангажирање на стручни лица во Канцеларијата за земјоделство, патна инфраструктура во Костин Дол, детско игралиште во Луковица и Моштица 1, костурницата во Цера, домот за пензионери во Саса, уредување на споменикот на Вера Јоциќ во Саса, водоснабдување на домаќинствата во Цера и многу други проекти за селата. Но Соња не седеше со скрстени раце. Таа успеа да ги прошета европските држави и Америка на општинска сметка, на партиските војници кои ги донесе во општината им исплаќаше патни сметки за „службени“ патувања, ги отстрани од општинскиот веб сајт сите склучени договори за јавни набавки, забрани јавно да се истакнува општинското знаме на кое е претставен националниот симбол на Македонците – сонцето од Кутлеш, се уште јавно не ја соопштува сумата која општината ја платила за нејзиниот „мурал“, никој не знае каде се 6-те милиони евра од рудничката концесија кои мистериозно исчезнаа од општинскиот буџет, нејзините директори „владеат“ со општинските институции како со приватни фирми, хлорните станици во селата се прескапо платени и не функционираат, фекалната канализација на улица „Даме Груев“ се гради без проект, се узурпира државно земјиште за полнење на приватни џебови и се вршат многу други малверзации кои идниот градоначалник на Македонска Каменица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги открие и соопшти на граѓаните. Граѓаните на Македонска Каменица во овие речиси четири години сфатија зошто овој режим треба да си оди и никогаш повеќе да не му се дозволи пристап до општинските ресурси, истакна Атанасовски.

Ваква е сликата во Македонска Каменица, не многу различна од останатите општини со кои владеат градоначалниците од режимот, додаде тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This