April 26, 2024, 10:38 am

Каракачанов го зakoпа Заев – Муртинска матеница, yдpeн и човек со месијански комплекс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев нема елементарно познавање од историјата, а за Гоце Делчев слушнал по нешто, но сѐ му останало матно како муртинска матеница – вели Красимир Каракачанов.

Премиерот Зоран Заев на вчерашното гостување на економскиот форум во Делфи, изјави дека Бугарската позиција во однос на почетокот на преговори со Европската Унија е смешна и дека е неприфатливо Македонија да преговара за идентитетот и јазикот, како и за историјата.

На ова денес следеше остар одговор од екс-вицепремиерот на Бугарија и претседател на бугарската ВМРО-БНД Красимир Каракачанов, кој го нарече Зоран Заев – муртинска матеница.

„Отишол Заев кај Грците, кои дваесет и кусур години ја блокираа Мкаедонија за се, за кое што можеа, за да бара од нив поддршка поради Бугарија. Вели дека, бугарската позиција била, внимавајте – смешна!?. Знам дека премиерот Заев нема елементарен поим од историјата. За Гоце Делчев слушал нешто – факт, но се му останало матно, како што е матна и муртинската матеница. Но колку и да не се разбираш од историја, не можеш да продолжиш да се правиш удрен и да велиш дека бугарската позиција по историските прашања е смешна и дека не си очекувал Бугарија да не ја блокира Македонија за преговорите во ЕУ“ – вели Каракачанов, кој понатаму тврди дека Заев бил предуппреден дека Бугарија ќе ја блокира земјава во ЕУ додека не ги прифати сите барања.

– Друже Заев, јас лично најмалку 20 пати сум ти кажал и најбратски сум те предупредил, дека ако Вие не го промените односот кон Бугарија и не престанете да ги тормозите бугарите во Македонија – ветото е неизбежно! Вие, тврдевте дека сте разбрале, уште кажувавте дека ќе се променат работите по изборите, по референдумот, по не знам си што и на крај – едно големо…ништо! Се надевавте дека со Вашите селски тракатанци ќе не излажете, демек ние бугарите пасеме трева, вели Каракачанов.

Каракачанов понатаму објаснува дека не му е јасно од каде тоа Заев толку многу ги потценувал Бугарите и кој му дал за право да се однесува како месија, но вели дека знае кој.

– Кој ве учеше толку многу да ги потценувате бугарите и да мислите дека некој во Софија ќе ви потпише празен чек, а вие да продолжите да го ползувате Договорот за добрососедство и да ја градите Вашата државност на база на омраза на се што е бугарско? Знам кој, всушност….Истиот тој кој ве научи и на друго – да имате самочувство и самодоверба на библиски месија. Само колку тоа вашите учители им помогнаа на нивните ученици, толку ќе ви помогнат и на вас, заклучува Каракачанов.

На крајот, екс-вицепремиерот на Бугарија додава дека никогаш нема да попуштат во барањата во однос на Гоце Делчев, историјата, културата и јазикот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This